Реклама

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Прилози

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Пари за „црни денови“, за школување, за свадба, за учество за стан,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пари за „црни денови“, за школување, за свадба, за учество за стан, за реновирање или едноставно за евентуални итни и непредвидени животни ситуации. Кој има пари – штеди, други едвај го поминуваат месецот. Под перница или во сеф никој не знае колку пари точно чуваат граѓаните, но во банките има 7 и пол милијарди евра. Населението најчесто штеди во денари, а се позачестено и на долг рок. На светскиот ден на штедењето, Македонците се уште со недоволна финансиска писменост за тоа каде да ги чуваат парите, во што да вложуваат и за која намена.

Генерално Македонците внимателно ги трошат парите и издвојуваат нешто на страна. Финансиските советници сметаат дека може да се штеди без разлика на длабочината на џебот. Главниот совет е да се издвои сума во готовина барем за 3 месеци, да се отвори штедна сметка и да се одвојува дел од парите кога ќе се прими плата, а не да се чека нешто да се заштеди на крај на месецот. Искуствата покажувале дерка тоа ретко се случува и им успева само на најдисциплинираните.  

Најважно е кога ќе се издвојат пари, каде ќе се вложат. Различни приноси има вложувањето во акции, обврзници, различни  инвестициски фондови, приватно пензиско осигурување, купување злато, инвестиции во крипто валути. Културата на инвестирање на средствата, исто како и штедењето треба да се гради од мали нозе, а парите да се вложат на различни начини за да се намалат ризиците.

Реклама

Инаку, на ниво на Европа најмногу штедат Швајцарците. Тие успеале да издвојат 27,4% од својот расположлив доход. Тие се лидери и по тоа дека не само што имаат најмногу пари во банка, туку најголема сума издвојуваат и во доброволните приватни пензиски фондови. Од друга страна, во Европа, најмалку штедат Италијанците или нешто над 10% од својот доход. Иако анализата не ја вклучува и Македонија, Организацијата за економска соработка  смета дека според индикаторите како БДП, просечна плата, депозити во банки, инфлација, Македонија има стапка на штедење од 16,8%. На глобално ниво, луѓето најмногу штеделе во 2020-та кога поради пандемијата се ограничуваа патувањата, а многу објекти беа затворени.