Реклама

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Македонија

Со петдневна програма Дојран го одбележува Денот на ослободувањето

Општина Дојран со неколку дневна програма ќе го одбележи 5 Ноември, Денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дојран со неколку дневна програма ќе го одбележи 5 Ноември, Денот на ослободувањето на градот. Од утре до четврток  Општината организира повеќе културни и спортски настани, со учество на учениците од основното училиште „Кочо Рацин“.

Одбележувањето започнува утре со отворање на четвртиот меѓународен турнир во карате, „Дојран Опен“, во организација на локалниот Карате клуб – Дојран. На настанот се очекуваат учесници од Романија, Грција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Косово, Кипар, а турнирот ќе се одржи во спортскиот центар „Истатов“ во Нов Дојран.

Истиот ден, дојранскиот планинарски спортски клуб „Даб“ организира планинарски марш со почеток од 8 часот. Стартната точка на маршот е седиштето на Општината, по што планинарите ќе се движат до Фердинановата чешма, а на враќањето до Стар Дојран ќе ги посетат црквата „Св. Илија“, Саат – кулата и Музејот на Дојран.

Реклама

Во понеделник програмата продолжува со настап на Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ во ООУ „Кочо Рацин“ во Нов Дојран со почеток од 19 часот.

Во вторник во 10 часот ќе се одржи ликовно и поетско творење на тема „Дојран најубав“ на градското шеталиште под јаворот во Стар Дојран. Наредниот ден од 11:30 часот се закажани натпревари во мал фудбал помеѓу ООУ „Кочо Рацин“ – Дојран и ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово.

На денот на ослободувањето, во четврток, од 9:30 часот ќе се одржи Свечената седница на Советот на Општина Дојран, по што ќе се положи цвеќе пред спомен обележјата и ќе се одржат атлетски трки со учениците од основното училиште, како и музички настап на училишниот хор и доделување награди во Градскиот парк во Нов Дојран.