Реклама

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Македонија

КСЗД и ЗЕЛС за унапредување на заштитата од дискриминација и почитувањето на човековите права на локално ниво

Денеска, во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија (ЗЕЛС), се одржува работилница на тема „Интегрирање на пристапот заснован на човекови права на локално ниво“, со фокус на унапредување на соработката меѓу Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и единиците на локалната самоуправа.

На работилницата со поздравни обраќања учествуваа претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ, Барбара Лигл, лидерка на Компонента 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ и Ирена Николов, советник за обуки и одговорна за родова еднаквост и социјална заштита во ЗЕЛС.

Единиците на локалната самоуправа имаат значајна улога во обезбедувањето еднаквост, спречувањето на дискриминацијата и остварувањето на човековите права на граѓаните. Како институции кои се најблиску до граѓаните, општините имаат можност непосредно да ги препознаваат нивните потреби, да ги идентификуваат пречките во пристапот до јавните услуги и да преземаат мерки за обезбедување еднакви можности за сите.

Реклама

Во рамките на работилницата е предвидено претставување на надлежностите и работата на КСЗД, промоција на Е-ресурсниот центар на Комисијата, како и презентација на препораките упатени до единиците на локалната самоуправа.

Посебно внимание е посветено на спроведувањето на препораките на КСЗД, преку отворена дискусија за предизвиците со кои се соочуваат општините, можностите за нивно надминување и потребата од поефикасна институционална соработка.

Важен сегмент од работилницата е и интегрирањето на пристапот заснован на човекови права во креирањето и спроведувањето на локалните политики, програми и услуги. Овој пристап подразбира дека еднаквоста, недискриминацијата, пристапноста и учеството на граѓаните треба да бидат составен дел од процесите на донесување одлуки на локално ниво.

КСЗД ја нагласува важноста од континуирана соработка со ЗЕЛС и со општините, не само во постапувањето по конкретни случаи на дискриминација, туку и во превенцијата, навременото препознавање на дискриминаторските практики и унапредувањето на локалните политики.

Преку ваквите активности, Комисијата настојува да ја зајакне својата превентивна и советодавна улога и да придонесе кон развивање локални самоуправи кои се поинклузивни, поодговорни и подостапни за сите граѓани.