Реклама

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Прилози

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Нова авиолинија Скопје – Тиват стартува од Први мај следната година. Вицепремиерите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова авиолинија Скопје – Тиват стартува од Први мај следната година. Вицепремиерите на Македонија и Црна Гора, Александар Николоски и Филип Ивановиќ кои информираа дека падна договор националниот црногорски авиопревозник „Air Montenegro“ првично да сообраќа два пати седмично. Според нив , оваа соработка ќе придонесе не само за зголемување на бројот на патници, туку и за раст на туризмот и економиите на двете држави. Се размислува и за воведување линии Скопје – Подгорица и Тиват – Охрид.

„Се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на, не само бројот на патници и размена помеѓу двете држави, но и зголемување на туризмот и на бизнисот. Се надевам дека ќе ја користат многу луѓе, многу патници, дека и на тој начин ќе се зголемува бизнис размената помеѓу нашите две пријателски, братски држави и на тој начин ќе може уште повеќе да расте соработката“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

Преку изградба на автопатот Скопје-Блаце, Македонија директно се поврзува со пристаништето во Бар. Инфраструктурните проекти, според Николоски се клучни за Македонија да добие излез на три пристаништа. Промената на власта во Србија нема да донесе промени, односно да ги укине или пролонгира заедничките проекти. Македонија планира следната година да ја започне изградбата на брзата пруга од границата со Србија до границата со Грција. Исто така со Србија забрзано се работи на заедничкиот железнички граничен премин Табановце. Со оглед на исклучителната важност на Коридорот 10, кој ги спојува грчките пристаништа со Централна Европа, преку Македонија и Србија, Николоски вели дека на сите им е од интерес овој инфраструктурен проект да се заврши што поскоро.

Реклама

„Најдобар доказ дека промената на власта не влијае на овие големи проекти е она што ќе се случи во декември. Без разлика што се промени власта во Унгарија, на 13 декември стартува брзиот воз којшто оди од Белград преку Будимпешта до Виена, така што тоа се проекти коишто се стратешки приоритет во регионот и очекувам во таа насока и новата влада во Србија да продолжи да ја развива инфраструктурата, затоа што Коридорот 10 е природен спој за нив до Егејското Море и не верувам дека би се откажале од тоа“ – вели Александар Николоски – Вицепремиер и министер за транспорт.

И црногорскиот Вицепремиер смета дека сите инфраструктурни проекти ќе се завршат со предвидената динамика. Иако за делот на српска територија вели дека новата власт допрва треба да донесе одлуки, она што Црна Гора го почнала, ќе го реализира докрај. Таму се работи на реконструкција на дел од пругата Бар – Белград, на преносните системи за електрична енергија, како и на Коридорот 11, кој треба да се спои на заедничката точка кај местото Болјаре.

На средбата, двајцата вицепремиери разговарале и за развој на економската соработка и договориле следната година да се одржи голем бизнис форум на компании од двете држави. Вицепремиерот на Црна Гора, Ивановиќ истакна дека Црна Гора, која очекува да стане полноправна членка на ЕУ, ќе се залага и лобира за што побрз прием на Македонија.