Реклама

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и А.С.(38) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација, на канал со неколку стотици претплатници, со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета.

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика доставени биле пет пријави од оштетени граѓани, кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената, во измамата оштетени се стотици граѓани од државата, но повеќето од нив не го пријавиле случајот.

Реклама

Во врска со случајот, како што информираат од МВР, била спроведена повеќемесечна истрага во која биле вклучени повеќе домашни и странски институции при што боле разменети информации, што резултитрало со откривање на идентитетот на сторителите.

Во рамки на истрагата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил информативен разговор со првопријавената, при што биле одземени електронски уреди кои ги користела за остварување пишана комуникација преку апликацијата, а со форензичката анализа на екстрахираните податоци од одземените уреди, докажано е кривичното дело за кое е поднесена кривичната пријава.

Во однос на меѓународниот аспект на истрага, по претходно извршена стручна анализа на крипто трансакциите, преку меѓународни безбедносни платформи обезбедени се целосни информации за сопственикот на крипто паричникот.

Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамниците преку социјалните мрежи, лажни профили и телефонски повици нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно.