Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ, на кој присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, потпретседателот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, се наведува во соопштението од ЗНАМ.
На состанокот беше потврдена силната поддршка на Движење ЗНАМ за кандидатурата на Радичевски. Со координација, меѓусебна поддршка и заедничка посветеност, продолжуваме да придонесуваме кон остварување на приоритетите за развој на Брвеница и подобар живот на граѓаните.
Заедно за Брвеница и за граѓаните!

