Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Економија

Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината, работиме на неколку инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за изградба на дата-центри во земјава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за изградба на дата-центри во земјава, оценувајќи дека тие, заедно со вештачката интелигенција, се клучни за идниот технолошки развој.

Во гостувањето на една од националните телевизии, Мицкоски рече дека поддржува дата-центри и ќе продолжи и понатаму затоа што тоа е иднината и целиот свет својот развој го гледа преку дата-центрите и вештачката интелигенција.

-Да, сум за дата-центри и ќе продолжам да бидам затоа што тоа е иднината. Затоа што денеска светот својот развој го гледа само во дата-центрите, вештачката интелигенција и нема да дозволам, прво како инженер, второ како професор, мојата земја и моите граѓани да бидат на опашката, наместо да имаат можност да бидат на челото на поворката која ќе промовира ваков тип на индустрија – потенцира премиерот.

Реклама

Тој додаде дека токму заради тоа секоја можност која ќе се укаже за ваков тип на индустрија ќе биде зграпчена, како и тоа дека во моментов се работи на неколку такви инвестиции.

Во врска со противењето на опозицијата и нивните обиди да се повикаат на граѓаните, премиерот Мицкоски нагласи дека токму тие ја распродаваа земјата, како и тоа дека граѓаните не сакаат да се идентификуваат и не сакаат да имаат ништо со оваа опозиција.