Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Василевска: Опозицијата работи против државните интереси и ги игнорира дури и сопствените членови

На телевизија Алфа гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизија Алфа гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која дискутираше за политичките пораки и реториката на опозицијата во Собранието при што се осврна на застарениот начин на политичко дејствување и пропагандата што стои зад настапите на опозицискиот лидер, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Денеска со овој начин на политичко адресирање на сопствените пораки и политики, лидерот на опозицијата конкретно денес уште еднаш потврди дека гебелсовиот ПР од петата колона којшто стои зад него и зад целата оваа оркестрација и градењето на неговата политичка номенклатура е комплетно застарен, сеуште аналоген“, рече Ивановска.

Ивановска истакна дека опозицијата во своето политичко дејствување се води од интереси спротивни на државните интереси и дека наместо да ги застапува интересите на македонските граѓани, покажува сервилност кон помоќни странски фактори.

Реклама

„Ако земете дека инспираторите на таквите додавки или придавки се истите оние коишто продаваа со големи дивиденди државни добра и работеа да се создаде една сива еминенција во општеството тоа е она озлогласена олигархија којашто никој не ја почитува и сака од граѓаните, но има свои пипци и успева да продре во секој еден политички субјекти и да создава политички фигури или да ги брише, ако видите дека тоа доаѓа токму од една групација којашто во своите раце ги имаше клучните одлуки во државата и секогаш играше на картата на антидржавните интереси, повеќе им одговараше да бидат сервилни на помоќните отколку на македонските граѓани“, посочи Ивановска и додаде:

„Уште минатата година на локалните избори истиот резултат им се случи и во Скопје, истото тоа се случи сега и во Брвеница, тоа е сигнал дека нивното членство не верува во нивните политики и не ги одобрува нивните политики. Се што правите, доколку не го слушате своето членство ако не сте секојдневно со нив вие не можете легитимно да ги застапувате“.