Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Мицкоски: Не прифаќам политички флоскули, ќе продолжи борбата против корупцијата, допрва ќе следат процеси за некои постапки во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да пријавуваат случаи на корупција, нагласувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да пријавуваат случаи на корупција, нагласувајќи дека секој за кого ќе се докаже дека е корумпиран ќе одговара пред законот. Тој ги отфрли општите обвинувања за корупција како политички флоскули и побара конкретни докази за наводите.

Мицкоски во гостување на една од националните телевизии вели дека обвинувањата за корупција треба да бидат поткрепени со конкретни докази, наместо да се користат како политички флоскули, нагласувајќи дека Владата е посветена на конкретна и бескомпромисна борба против корупцијата.

-Каде има корупција? Еве нека ни кажат, имате ли вие доказ дека има корупција или тој што вели дека има? Кој е извештајот од Европската комисија каде што велат дека има корупција? Еве сега ќе имаме нов извештај, којшто треба да пристигне за напредокот на земјата, еве да го почекаме да видиме. Второ, тој којшто пријавил корупција и бил дел од процесот, тој што барал корупција е уапсен. Не се само двајца директори, има повеќе. И ќе има уште ако продолжат, еве и денеска имаше една таква акција којашто е поврзана со борба против корупцијата. Се спречи шверц на цигари којшто траел со децении и тоа е само почетокот на таа истрага, допрва ќе следат други докази поврзани со високи функционери на некои од минатите влади што се занимавале со шверц на цигари – истакна Мицкоски.

Реклама

Тој упати јавен повик до граѓаните да пријавуваат случаи на корупција, најавувајќи и соработка со меѓународна организација. Притоа, нагласи дека на секој што ќе пријави корупција ќе му биде гарантирана дискреција, додека секој за кого ќе се докаже дека е корумпиран ќе мора да понесе одговорност.

-Јас јавно ги повикувам граѓаните, а наскоро ќе имаме и прес-конференција со меѓународна организација, онаму каде што има корупција јавно да пријават и да постапуваме. Не прифаќам политички флоскули само дека има корупција. Добро, но дајте да ја пријавиме – потенцира Мицкоски.

Премиерот порача дека сака да е првиот човек кој ја уништил корупцијата.

-Јас сум прв противник против корупцијата. Сакам да бидам човек којшто ја уништил корупцијата. Ајде заедно сите, и тие што ги кажувате дека напишале во извештаите, не да пишуваат постои сомневање, дајте доказ. А јас ви гарантирам дискреција дека нема влакно да ви фали, а тој што е корумпиран ќе одговара – истакна Мицкоски.