Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Мицкоски по повод 80 години од централното банкарство: Довербата во националната валута се од суштинско значење за економскиот просперитет

-Вечерва присуствував на свечениот настан по повод одбележувањето на 80 години централно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Вечерва присуствував на свечениот настан по повод одбележувањето на 80 години централно банкарство во Македонија, значаен јубилеј кој сведочи за осум децении институционален развој, финансиска стабилност и градење на монетарниот суверенитет на нашата држава. Од историските почетоци во 1946 година до современата Народна банка, овој јубилеј претставува потсетник за важноста на силните, независни и професионални институции како темел на стабилна и просперитетна држава – објави вечерва на социјалните мрежи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Споре него, „државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите“.

-Стабилниот финансиски систем, довербата во националната валута и одговорното водење на монетарната политика се од суштинско значење за економската сигурност на граѓаните и развојот на македонската економија. Наша заедничка обврска е да го почитуваме институционалното наследство, но и посветено да работиме на создавање силна, економски стабилна и европски перспективна Македонија – порача премиерот Мицкоски. 

Реклама