Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Tоп

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

Се бира наследник на Ислам Абази. На тајно и неспоредно гласање 188…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се бира наследник на Ислам Абази. На тајно и неспоредно гласање 188 обвинители го бираат новиот шеф на Организиран криминал и корпција. Во трката се петмина кандидати. Се гласа на пет локации односно во Републичкото обвинителство и на четирите подрачја во Вишите обвинителства во Скопје, Гостивар, Битола и Штип.

За наследник на досегашниот шеф Ислам Абази во трка се двајца обвинители од скопското Вишо Јован Цветановски и Трајче Пеливанов, обвинителката од скопското обвинителство Лидија Раичевиќ, и обвинителите од ОЈО за ГОКК, Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи.

Членот на изборната комисија во Јавното обвинителство Елвин Вели рече дека гласањето се одвива непречено.

Реклама
  • „Изборниот процес започна во 8 часот и непречено се одвива. До моментот на давањето на изјавата гласаа 10 од вкупно 11 обвинители запишани на избирачкото место во Јавното обвинителство“ – рече Вели.

За републичкиот обвинител, сите петмина кандидати се докажани професионалци и имаат капацитет да го раководат ова обвинителство. Значењето на ОЈО ГОКК е важен и за имиџот на нашата земја рече Савески.

  • „Ова е значаен процес бидејќи обвинителската фела одлучува кој ќе раководи со ова Oбвинителство. Се надевам дека избраниот јавен обвинител доследно ќе одговори на задачите што стојат пред него и дека заеднички ќе придонесеме за зајакнување на довербата во институцијата и за јасно покажување ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата“ – изјави Савески.

Победникот од изборите ќе го соопшти Комисијата од Советот на јавните обвинители. Токму таму сите петмина кандидати се претставија и уверуваа како би работеле како главни обвинители во Организиран криминал.

Во фокусот на нивните програми беа јакнењето на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, ефикасноста во постапувањето и поголемата независност на обвинителството.

Новиот шеф ќе се соочи и со предизвикот да одлучува за предметите што останаа нерешени од претходното раководство. Меѓу нив е и предметот за набавката на мазут, за кој Вишото обвинителство го врати во живот.