Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

Одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа

– Унапредувањето на безбедноста и здравјето на работните места, грижата за менталното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Унапредувањето на безбедноста и здравјето на работните места, грижата за менталното здравје и превенцијата на психосоцијалните ризици ќе бидат во фокусот на настанот по повод Европската недела за безбедност и здравје при работа, што денеска ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Настанот е во организација на Советот за безбедност и здравје при работа, со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ), во рамки на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

Според организаторите, целта е да се поттикне поширока дискусија за развој на културата на превенција, споделување добри практики и за можностите за унапредување на условите за работа. На настанот ќе учествуваат претставници на државните институции, Делегацијата на ЕУ, МОТ, Европската агенција за безбедност и здравје при работа, како и претставници на работодавачите, синдикатите, компаниите и стручната јавност.

Реклама

Во воведниот дел се предвидени обраќања на претседателката на Советот за безбедност и здравје при работа, Јасмина Чалоска, претставници на Министерството за економија и труд, Делегацијата на ЕУ, МОТ и Европската агенција за безбедност и здравје при работа.

Во рамки на настанот ќе бидат доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година, по што ќе следуваат презентации на наградените компании и панел-дискусија за предизвиците и можностите во оваа област.