Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

Промоција на мобилната апликација „м.Услуги“ за пристап до електронски услуги и дигитални документи

Министерството за дигитална трансформација денеска ќе ја промовира мобилната апликација „м.Услуги“, наменета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација денеска ќе ја промовира мобилната апликација „м.Услуги“, наменета за поедноставен пристап на граѓаните до електронските јавни услуги и дигиталните документи преку мобилен телефон.

На промоцијата, што ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје, ќе бидат претставени функционалностите на апликацијата и можностите што таа ги нуди за полесно користење на дигиталните услуги.

Свои обраќања на настанот предвидено е да имаат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

Реклама

Според најавите, апликацијата треба да овозможи побрз и поедноставен пристап до јавните услуги и документи во рамки на процесот на дигитализација на администрацијата и унапредување на електронските услуги за граѓаните.

-Ова ќе биде наш прв чекор кон дигиталниот паричник. Апликацијата е бесплатна за преземање и не е задолжителна, но ќе нуди многу нови погодности. Ќе го свртиме фокусот кон тоа државата да биде достапна на мобилен телефон, односно на дланка – изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во пресрет на промоцијата на апликацијата.

Тој посочи дека „м.Услуги“ ќе овозможи пристап до електронска верзија на личната карта и возачката дозвола, како и до првите три дигитални услуги за граѓаните. Според Андоновски, апликацијата ќе може бесплатно да се преземе преку платформите Google Play и App Store, а корисниците преку внесување на личните податоци и бројот на личната карта ќе можат да ги повлечат своите дигитални документи.

Министерот најави и натамошно проширување на функционалностите преку интегрирање на податоци од системот „М.здравје“ и европската младинска картичка, со цел „м.Услуги“ постепено да прерасне во сеопфатен дигитален паричник со повеќе документи и јавни услуги достапни на едно место. Тој додаде дека прифаќањето на електронските документи од институциите ќе се одвива етапно, преку усогласување на подзаконските акти и јакнење на институционалните капацитети.