Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже дека СДСM бележи раст на рејтингот, а граѓаните наводно ја губат довербата во ВМРО-ДПМНЕ. Две недели подоцна, анкетите ги нема. Филипче и СДСM молчат по дебаклот во Брвеница, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од Филипче и СДСM нема анкети, нема резултати, нема објаснување. Има само празни ветувања и лаги од Венко Филипче.
Филипче, каде се анкетите што ги најави? Ако навистина покажуваат раст на СДСM, зошто не ги објавиш? Од што се плашиш? Дали резултатите не се такви какви што ги претставуваше или станува збор за уште една пропагандна конструкција на партискиот штаб на СДСM?
Реалноста е јасна и не се менува со изјави и лаги од кујната на СДСM. Резултатите во Брвеница се јасен политички удар за СДСM, каде според прикажаните изборни резултати, СДСM загуби со разлика од четири спрема еден.
Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДСM, во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство.
Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност.
Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче.
ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од проверка на довербата кај граѓаните. Напротив, поддршката се потврдува со конкретна работа, одговорност и резултати. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат јасна политичка предност, додека СДСM под раководство на Филипче сè повеќе се соочува со криза на доверба.

