Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Кочани домаќин на 29. „Денови на медот“, претставени пчелни производи од цела Македонија

Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани во „Паркот на Револуцијата“ викендов по 29-ти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани во „Паркот на Револуцијата“ викендов по 29-ти пат ја организираше традиционалната манифестација „Денови на медот“. 

На повеќе од  дваесет штанда пчелари од Куманово, Пробиштип, Велес, Пехчево,  Кочани и други градови  ги претставија своите пчелни производи, разменувајќи искуства меѓу себе и во непосредни средби со граѓаните ги пренесуваа корисните карактеристики на медот, матичната млеч, пергата и другите пчелни производи. Манифестацијата ја посети и градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов.

Според Борчо Атанасов, претседател на ПЗ „Матица“, манифестацијата е резултат на целогодишниот труд на пчеларите и можност тие да се претстават пред граѓаните, но и место каде што посетителите можат да дегустираат и да купат квалитетен мед.

Реклама

-Годинава имаме пчелари од цела Македонија, па покрај локалниот мед, посетителите можат да ги споредат вкусовите и да ги запознаат специфичностите на медот од различни региони. Сите изложени производи се македонски, а секој регион има свој вкус и специфики – истакна Атанасов.

Пчеларите посочија дека годинашниот принос на мед е значително помал во споредба со минатата година, што, како што рекоа, се должи на неповолните временски услови и други фактори кои влијаат врз производството.

Предвидената поддршка, како субвенции од државата, изнесува 600 денари за секое регистрирано пчелно семејство, како и дополнителни 200 денари по семејство за одгледувачите со повеќе од 50 пчелни семејства, доколку исполнуваат најмалку еден од пропишаните услови поврзани со регистрацијата или продажбата на мед.

Покрај економското значење на пчеларството, на манифестацијата беше посочено и на незаменливата улога на пчелите во природата. Преку опрашувањето, тие придонесуваат за разновидноста на растителниот свет, развојот на земјоделското производство и зачувувањето на природната рамнотежа.

Покрај медот и останатите пчелни производи, посетителите на овие „Денови на медот“ во Кочани имаа можност да разгледаат и да купат опрема за пчеларство, наменета за потребите на пчеларите и за пчелното производството.