Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не ги објавува анкетите, но резултатите во Брвеница ја покажаа реалноста

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети со кои требаше да покаже дека СДСM бележи раст на рејтингот, а граѓаните наводно ја  губат довербата во ВМРО-ДПМНЕ. Две недели подоцна, анкетите ги нема. Филипче и СДСM молчат по дебаклот во Брвеница, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Филипче и СДСM нема анкети, нема резултати, нема објаснување. Има само празни ветувања и лаги од Венко Филипче.

Филипче, каде се анкетите што ги најави? Ако навистина покажуваат раст на СДСM, зошто не ги објавиш? Од што се плашиш? Дали резултатите не се такви какви што ги претставуваше или станува збор за уште една пропагандна конструкција на партискиот штаб на СДСM?

Реклама

Реалноста е јасна и не се менува со изјави и лаги од кујната на СДСM.  Резултатите во Брвеница се јасен политички удар за СДСM, каде според прикажаните изборни резултати, СДСM загуби со разлика од четири спрема еден.

Додека Филипче зборува за наводен раст на поддршката на СДСM,  во партија се повеќе се јавуваат фракции и се поголемо е незадоволството на нивнито членство.

Филипче да не се крие зад необјавени анкети и да ја замајува јавноста со празни ветувања. Политичката доверба не се гради со измислен оптимизам, туку со резултати и одговорност.

Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од проверка на довербата кај граѓаните. Напротив, поддршката се потврдува со конкретна работа, одговорност и резултати. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат јасна политичка предност, додека СДСM под раководство на Филипче сè повеќе се соочува со криза на доверба.