Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МВР: Четворица возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Вкупно четворица возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи, од кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно четворица возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи, од кои една со смртен исход. Двајца возачи на подрачје на СВР – Струмица возеле под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи – со смртни последици и со тешки телесни повреди. Две сообраќајни несреќи во Тетово и тетовскиот регион биле предизвикани од возачи кои возеле под дејство на алкохол – едниот и без дозвола, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска околу два часот во СВР – Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на село Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В., 19-годишно лице од село Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С., на возраст од 58 години, од село Добрејци, струмичко – информираа од МВР.

Од здобиените повреди, на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата, со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“, Д.А., на возраст од 36 години од село Дабиле, струмичко.

Реклама

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР – Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода – појаснија од МВР.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Во ОВР – Валандово денеска во 00:15 часот било пријавено дека на регионален пат во село Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И., на возраст од 26 години од село Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г., 57-годишно лице од село Марвинци.

-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница – Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР – Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ – В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта – додадоа од МВР.

По целосно документирање на случаите, како што се додава во соопштението, ќе следуваат соодветни пријави.

Синоќа околу 22:20 часот во СВР – Тетово било пријавено дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во градот, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Д.С. од Тетово, удрило во тројца 16-годишни малолетници, сите од Тетово.

-По несреќата, возачот со возилото го напуштил местото, но, набргу бил пронајден и сопрен на улицата „Никола Тесла“. При алкотестирање, кај него биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта, а при преглед на возилото биле пронајдени три пакувања со марихуана, по што е лишен од слобода, а возилото е одземено – соопштија од МВР.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил еден малолетник, додека другите двајца се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница – Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР – Тетово. По целосно документирање на случајот, како што се истакнува, против лицето ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 4:10 часот во СВР – Тетово било пријавено дека во село Пирок, општина Боговиње, патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот Д.М. од село Пирок, удрило во бетонски столб од куќа и излог од објект, сопственост на Ф.Ш., 45-годишно лице од село Пирок.

-Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото А.Р., А.М. и А.Р., додека со телесни повреди – сопатникот Е.К. и возачот, констатирани во Ургентен центар при Клиничка болница – Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР – Тетово, при што било констатирано дека возачот Д.М. го управувал возилото по дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,29 промили алкохол во крвта, не поседувал возачка дозвола. Д.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава – додадоа од МВР.