Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека дури 20 милиони Украинци би можеле да бидат принудени да побегнат во Европа доколку неговата земја падне под руска власт. Во пресрет на уште една, петта зима по ред под руски напади, тој нагласи дека земјата се соочува со сериозен предизвик и покрај помошта во милијарди што ја добива од земјите на Европската Унија.
Во првите денови од руската инвазија, милиони Украинци ги напуштија своите домови, што претставуваше најбрза и најголема бегалска криза во Европа по Втората светска војна. Според податоците на „Еуростат“, денес повеќе од четири милиони Украинци живеат во земјите на ЕУ со статус на привремена заштита, при што најголем број од нив се наоѓаат во Германија, Полска и Чешка.

