Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Пратениците Емилија Ангелова и Кире Божиновски на средба со учесници на Младинскиот образовен форум

Пратениците во Собранието, Емилија Ангелова и Кире Божиновски денеска остварија средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците во Собранието, Емилија Ангелова и Кире Божиновски денеска остварија средба со учесници на Младинскиот образовен форум (МОФ), во рамки на која беа презентирани истражувања посветени на повеќе актуелни прашања од значење за младите и нивната иднина, соопшти собраниската прес-служба.

Презентираните истражувања опфатиле теми поврзани со дигиталната и зелената транзиција, медиумската и информациската писменост, вработувањето на младите лица со попреченост, младинската миграција, регионалната соработка во високото образование, како и учеството на младите во креирањето на јавните политики.

– Средбата претставуваше можност за запознавање со наодите и согледувањата од истражувањата, како и за размена на мислења за предизвиците со кои се соочуваат младите и можностите за нивно поактивно вклучување во општествените процеси. Посебно значење има отворањето на прашањата за подобрување на можностите за образование и вработување, унапредување на младинското учество и создавање услови за младите да ги остварат своите потенцијали во земјата – се вели во соопштението.

Реклама

Ваквите средби, се додава, придонесуваат за зајакнување на дијалогот меѓу младите и избраните претставници, размена на релевантни информации и согледувања, како и поголемо препознавање на потребите и приоритетите на младите при креирањето политики од јавен интерес.