„Епископскиот град Баргала“ е најновата книга на универзитетскиот професор на Факулутетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Трајче Нацев. Тој денеска во Штип го промовираше ова дело, во кое е содржано целокупното негово археолошко истражување, но и на неговите колеги.
-Опфатени се сите досегашни резултати кои се добиени од археолошките истражувања, тргнувајќи од 1966, па се до 2026 година. Воедно сакам да споменам дека ова книга излегува токму по 60 години од првите археолошки истражувања на локалитетот Баргала. Истражувања кои што ги започна академик, проф. д-р Блага Алексова, потоа ги продолжи мојот колега Звонко Белдедовски и мојата нели маленкост, бидејќи во Завод и Музеј на град Штип работев се до 2011 година-вели Нацев.

Тој на промоцијата на неговото најново дело истакна дека се опфатени сите објекти на локалитетот, кои што се истражени.
-Името, односно епитетот доцноепископски град Баргала, не го добива само врз основа на откриените ранохристијански објекти, туку и врз основа на историските и епиграфските податоци кои што ги имаме во Баргала, каде се споменуваат два епископи од кои едниот учествува во четвртиот Вселенски собор или познат како Халкедонски собор во 451 година, од нашата ера нели нормално, а вториот епископ кој што се споменува, тоа е епископот Хермија, чие име е врежан во капител на главниот влез во епископската базилика-изјави Нацев.

Промоторот на книгата „Епискиот град Баргала“, Бошко Ангеловски од Институтот за старословенска култура во Прилеп истакна дека авторот на книгата ги има презентирано сите истражувања, резулатите, кои ги има добиено додека работел на локалитетот Баргала.
-Професорот Нацев несомнено ја има заокружено неговата две децениска работа, неговите долгогодишни искуства, професионален ангажман, како археолошки односно теренски, така и кабинетски, и најновите сознанија ги има преточено во една значајна обемна публикација-рече Ангеловски.

