Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење од пет јавни чешми, согласно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Гевгелија ја забрани водата за пиење од пет јавни чешми, согласно добиените резултати од Центарот за јавно здравје во Велес. Како што информираат од Општината, по направени анализи на пет места, резултатите од редовното испитување покажале дека водата не ги исполнува условите за безбедност и квалитет за пиење. Станува збор за природната чешма „Мурџева“ во Негорци, спомен-чешмата „Катерина“ во Конско, природната чешма на патот во Старо Конско, природната минерална чешма во Смрдлива Вода и водата од водоводот во Смрдлива Вода. 

Од Општината соопштуваат дека според резултатите од лабораториските испитувања, во водата се утврдени микробиолошки и физичко-хемиски отстапувања од пропишаните услови согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

– По добиеното известување со насоки за постапување од Центарот за јавно здравје- Велес, комуналниот и инспекторатот за животна средина при Општина Гевгелија преземаа активности за информирање на граѓаните. На наведените чешми се поставени табли со предупредување дека водата не е исправна за пиење. Дополнително, ќе се преземаат соодветни мерки за отстранување на можните извори на загадување, како и соодветен третман за дезинфекција, се вели во објавата на Општината.

Реклама

Надлежните појаснуваат дека водата од природните чешми наведени во известувањето потекнува од природни извори и не е дел од водоснабдителниот систем преку кој се снабдуваат домаќинствата.  Тие апелираат до граѓаните да ги почитуваат поставените предупредувања и да не ја користат водата од наведените чешми за пиење, со цел заштита на здравјето и спречување на можните ризици од употреба на неисправна вода.