Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Слепите лица во Куманово го одбележуваат Меѓународниот ден на белиот стап

Недостигот на звучни семафори, тактилни патеки и спуштени рабници на тротоарите, непрописно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостигот на звучни семафори, тактилни патеки и спуштени рабници на тротоарите, непрописно паркираните возила и ограничените можности за вработување се дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат слепите лица и лицата со оштетен вид во Куманово. Вршител на должност секретар на Здружението на слепи лица од Куманово, Христијан Ѓорѓевиќ, инаку правник вработен во Општина Куманово вели дека во градот сè уште недостигаат основни услови за безбедно и самостојно движење.

– Најпрвин се соочуваме со недостиг на звучни семафори на клучните места во градот, тактилни патеки и спуштени рабници на тротоарите. Кога ги нема овие услови, движењето е отежнато и најчесто мора да се потпираме на придружник. Кога се движам сам, обично одам на места што добро ги познавам – вели Ѓорѓевиќ.

Беркант Асановски вели дека физичките бариери не се единствениот проблем. тој вели дека е потребно јакнење на свеста кај граѓаните.

Реклама

– Сметам дека граѓаните и возачите се делумно запознаени со значењето на белиот стап, но треба уште да се работи на подигнување на свеста. Пред неколку дена, кога го поминував пешачкиот премин, еден човек праша, дали гледаш добро, што поминуваш. Му одговорив дека не гледам. Таквите ситуации покажуваат колку е важно луѓето да разберат со какви предизвици се соочуваме – изјави Асановски.

Слепите лица сметаат дека информираноста е особено важна за возачите, пешаците и велосипедистите, кои треба да ги почитуваат потребите на лицата со оштетен вид. За нив, најголем проблем се паркираните автомобили на тротоарите. Здружението на слепи лица од Куманово, постои од 1950 година, работи на остварување на правата на лицата со оштетен вид, подобрување на нивните услови за живот и подигнување на јавната свест. Во здружението, членуваат 136 лица. Членовите на здружението, добиваат субвенции од општината за комунални услуги, за вода и собирање смет. Сепак, за подобрување на положбата на слепите лица велат дека неопходна е координација меѓу институциите, локалната самоуправа и здруженијата кои непосредно ги познаваат потребите на своите членови.