Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Клековски: Пациентите не можат да чекаат, следуваат итни мерки за стабилизација на онколошката грижа

Потребата од воспоставување национална онколошка мрежа, единствени стандарди за лекување и долгорочен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребата од воспоставување национална онколошка мрежа, единствени стандарди за лекување и долгорочен план за контрола на ракот беа во фокусот на работилницата „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“, што денеска ја организираа Министерството за здравство и здружението „Хема-онко“.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, на настанот, првпат на едно место се собрале претставници на Владата, здравствените институции, академската заедница, пациентските организации и меѓународни експерти за да разговараат за состојбите и иднината на онколошката грижа во земјата.

Министерот за здравство Сашо Клековски оценил дека пред државата стои задача од фрагментиран и преоптоварен систем да премине кон сеопфатен пристап во лекувањето на онколошките пациенти.

Реклама

– Сега е критичен момент како од фрагментиран и преоптоварен систем на онколошка грижа да преминеме во сеопфатен национален план и онколошка мрежа со единствени стандарди и ја има целата поддршка на Владата и здравствените власти – изјави Клековски.

Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, истакнал дека првпат прашањето за онколошката грижа се отвора на највисоко ниво.

– Првпат во историјата на Македонија за ракот се разговара на вакво ниво: Владата, институциите, лекарите, пациентите и врвни европски експерти заедно – рече Стојковски.

Според презентираните податоци, во 2023 година во земјата биле регистрирани 8.371 нов случај на рак, што претставува зголемување од 16 проценти во однос пред десет години. Истата година од малигни заболувања починале 3.726 лица. Секојдневно се дијагностицираат околу 23 нови случаи, додека во просек 11 лица дневно ја губат битката со болеста.

Во воведното предавање, проф. д-р Жозеф Глигоров од Универзитетот Сорбона и болницата „Тенон“ во Париз ги претставил европските стандарди во онколошката грижа и препорача изградба на национална онколошка мрежа.

Тој посочил дека Македонија треба да премине од модел со еден преоптоварен центар кон систем во кој еден сеопфатен онколошки центар ќе ја координира грижата, сложените случаи ќе се лекуваат централизирано, а стандардната терапија ќе биде подостапна до местото на живеење на пациентите.

На првиот панел биле претставени и клучните слабости на актуелниот систем. Било посочено дека скрининг-програмите постојат, но нивниот опфат останува низок, при што кај ракот на дојка е под шест проценти. Укажано било и на недоволните дијагностички капацитети, како и на фактот дека УКРО го носи товарот на лекувањето за целата држава со само три линеарни акцелератори на располагање за околу 1,8 милиони жители.

Учесниците нагласиле дека и покрај ограничените ресурси, дијагностичките услуги во 2025 година се зголемени за 15 проценти, а радиотерапевтските третмани за 55 проценти, благодарение на подобрата организација и ангажманот на здравствените работници.

Во завршното обраќање, министерот Клековски најавил итни мерки за стабилизација на системот и подготовка на долгорочен национален пристап за контрола на ракот.

– Денес за првпат имаме заедничка слика: каде сме, каде сакаме да бидеме и како ќе стигнеме дотаму. Пациентите што се лекуваат денес не можат да чекаат, па затоа прво доаѓаат итните мерки. Паралелно започнуваме повеќе активности како студија за инфраструктурата и технологијата и градење на долгорочен национален пристап кон контролата на ракот. Македонија од годинава е дел од EU4Health под исти услови како земјите-членки. Европските средства одат таму каде што има национален план, јасна водечка институција и податоци, и токму тоа ќе го градиме – рече министерот Клековски.