Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Емилија Алексовска и Џоко Диков – кандидати за член на Судскиот совет

Комисија за прашања на изборите и именувањата со седум гласови „за“ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисија за прашања на изборите и именувањата со седум гласови „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната седница ги утврди предлог кандидатите – Емилија Алексовска, адвокат од Куманово и Џоко Диков, адвокат од Струмица за член на Судскиот совет.

Согласно Законот за судски совет, како што појасни претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски, во рок од три дена од спроведување на интервјуто, Комисијата за селекција утврдува ранг-листа на кандидати со образложение за секој кандидат поединечно. Листата ја доставува до Комисијата за прашања на избори и именувањата на Собранието на Македонија, во рок од два дена ја објавува ранг-листата со поединечно бодување на секој кандидат и му предлага на Собранието двојно повеќе кандидати од бројот на членови на советот што треба да бидат избрани, водејќи се од редоследот на ранг-листата под услов да има доволен број пријавени кандидати. Комисијата за селекција до Комисијата за прашања на избори и именувања достави записник од спроведено интервју со кандидати по огласот за избор на член на Судскиот совет на Македонија.

На предлог на претседателот на Комисијата, членовите едногласно ја донесоа предлог одлуката за именување на Филип Саревски за член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Реклама

Саревски, како што појасни Сајкоски, е дипломиран авиоинженер и магистер по воздухопловна техника и технологија и работи во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

– Филип Саревски е раководител на Одделение за пловидбеност, национален САФА координатор, инспектор за пловидбеност и техничко одржување, магистер авиоинженер и техника и технологија, дипломиран авиоинженер по воздухопловна технологија и технологија авионика, средно образование има математички науки. Работи во Агенцијата за цивилно воздухопловство и како истакнат член и човек кој што е одвнатре го предлагам да биде член на Комисијата за член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, истакна Сајкоски. 

Тој доаѓа на местото на Весна Павлов, чиј мандат истекува на 18 ноември оваа година.

На денешната седница на предлог на претседателот Сајкоски, беше утврдена и предлогот одлуката за именување на Марко Димитриоски за член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Марко Димитријевски, како што образложи Сајкоски, е дипломиран машински инженер и доктор по машински инженеринг. Завршил Машински факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а докторирал на Машинскиот факултет, Институт за индустриско инжинерство – Скопје.