Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Националната федерација на фармери го одбележа Меѓународниот ден на руралните жени

Националната федерација на фармери денеска во Струмица го одбележа 15 октомври –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната федерација на фармери денеска во Струмица го одбележа 15 октомври – Меѓународниот ден на руралните жени под мотото „Жените земјоделки-лидери на одржливото земјоделство и руралниот развој“.

На собирот во Струмица присуствуваа земјоделки од целата држава, а настанот го поздрави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Осврнувајќи се на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството  за земјоделство, шумарство и водостопанство, во кој се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена, од кои 3.918 се помлади од 40 години, министерот Серафимовски ја нагласи заложбата за поголемо учество на жените во управувањето со стопанствата и развојот на сопствени дејности, како и за надминување на стереотипот за земјоделството како „машка професија“.

Реклама

-Сакам да информирам дека во пресрет на овој ден, на 13 октомври е објавен повик за мерката 115, поддршка за активен женски член во земјоделското семејство, односно домаќинство од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година. Предвидени се од 360 илјади денари по корисник за опрема за преработка и доработка на примарни земјоделски производи за услуги за спроведување на  деловниот план. Според условите на повикот може да аплицираат регистрирани стопанства, чиј носител или член е жена. Рокот  за аплизирање е до 13 ноември, истакна министерот Серафимовски.

Додаде дека покрај можностите за инвестиции со тоа се зајакнува и социјалната сигурност на жените земјоделки, а со ребалансот на буџетот се зголемени средствата за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност од еден милион на 2,5 милиони денари.

-Програмата предвидува вкупно 100 илјади денари по корисничка за деветмесечен надомест за мајчинство за жените во статус на осигуреник индивидуален земјоделец кој ги исполнува условите. Барањата се поднесуваат до Агенцијата за финансиска поддршка најдоцна до 10 декември, подвлече Серафимовски.

Според претседателот на Националната федерација на фармери (НФФ), Стеванче Јорданоски, на овој ден се истакнува важноста на трудот и посветноста на руралната жена.

-Како НФФ забележуваме дека жената земјоделка се уште не е доволно препознанена и нејзиниот труд се уште не е доволно платен. Мерката 115, која тука ја спомна министерот, ја поздравуваме, бидејќи е битна за развојот на нашите земјоделки, за земјоделските стопанства и секако за развој на руралните средини. Покрај овие финансиски поддршки од државата, битно е да имаме и други практични обуки за жените земјоделки, нови знаења и пристап до пазари со цел да зајакнат економски и да го развијат својот бизнис, рече Јорданоски.

За жените земјоделки најголем проблем е сигурниот пласман на производството.

-Со упорност и макотрпна работа се живее од земјоделство, но и жените да бидат упорни да можат да ги користат фондовите. Јас прозведувам бостан, домати, модар патлиџан, тутун, тикви, ореви. Годината на почетокот беше тешка, посебно во поглед на пласманот, но сега е добро, рече Трајанка Златковиќ од село Пепелиште, неготинско.

На настанот се обратија Рита Колумбина, постојана координаторка на Обедините нации во нашата држава, Лоло Дарин, раководител за развојна соработка на Амбасадата на Шведска, Кристина Митиќ Арсова, национален координатор на програма и проект менаџер на ФАО и Сашо Ангеловски, национален менаџер на We Effect за Европа.

Во продолжение на настанот се одржи панел-дискусија на тема „Од ресурси до резултати: Како да обезбедиме еднаков пристап до знаења и иновации на жените земјоделки“.

Беа доделени признанија на четири успешни жени земјоделки и на една локална граѓанска организација за нејзиниот значаен придонес кон зајакнувањето на руралните жени и жените земјоделки.