Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

Вештачката интелигенција да се користи како алатка за напредок, но крајната одлука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција да се користи како алатка за напредок, но крајната одлука секогаш треба да ја има човекот. Ваква порака беше упатена од Меѓународната конференција што се одржува на штипскиот Универзитет. Седумдесеттина истражувачи и експерти од 15 држави разменуваат искуства за тоа како новите технологии може да се користат за унапредување на наставата, критичкото размислување, но и во борбата со сајбер-криминалот.

„Вештачката интелигенција може да ја насочува кривичната истрага. Не сакаме таа да донесува одлука во име на човекот за тоа кој ќе биде осомничен и како ќе се води постапката. Секогаш последен треба да одлучува човекот. Вештачката интелигенција може да помогне во обезбедувањето информации за планирањето на кривичното дело, да се лоцираат лицата од каде дејствуваат, со кого комуницираат, кои се нивните планови, сè она што е поврзано со комуникација и разузнавање“, изјави проф. Кејси Чу од Ендикот колеџ од САД.

Користењето на овие алатки не значи и замена на наставникот. Во време на брз технолошки развој, улогата на професорот станува уште поважна, бидејќи тој може да ја провери точноста на информацијата и критички да анализира, смета професорката од хрватскиот Универзитет во Осиек.

Реклама

„Станува збор за многу комплексен процес во кој треба правната норма да ја толкувате на начин на кој ќе испитате колку е таа ефикасна и мора да ја ставите во контекст на другите правни норми во системот, а тоа вештачката интелигенција не го може“, изјави проф. Хелга Шпадина од Правниот факултет од Универзитетот во Осиек.

Новите технологии отвораат можности, но истовремено носат и предизвици, особено во образованието, бидејќи секогаш постои ризик од нивна злоупотреба. Вештачката интелигенција веќе се воведува во образовниот систем, но експертите предупредуваат дека при нејзиното користење мора да се почитуваат етичките принципи и правила.