Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Прилози

Отворена војна со нелегалната трговија со „диви„ лекови, медицински суплементи, ботокси и надрилекарства

Ботокси, филери, лекови за потенција, разни препарати за слабеење, суплементи. Црниот пазар,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ботокси, филери, лекови за потенција, разни препарати за слабеење, суплементи. Црниот пазар, социјалните мрежи и интернетот се лесна мамка за граѓаните да купат некој ваков производ. Медицински препарати со непроверено потекло, ботокс без  декларација до препарати за потенција кои се продаваат надвор од легалниот систем  беа  цел на заплена од страна на МВР. Само во  вчерашната акција  беа приведени шест лица.  Зад цела оваа нелегална трговија  може да стои потенцијален здравствен ризик велат фармацевтите. Додаваат дека последниот случај со лековите за потенција треба да се сфати како сериозно предупредување. Ако еден производ е нерегестриран  во институциите тогаш немаме потврда за составот, дозата и квалитетот на проиводството.

-Во оваа конкретна ситуација каде станува збор за лекови за потенција каде што најголем ризик можат да бидат одредени непријавени активни супстанци. Честопати овие корисници веќе имаат некоја одредена терапија . Комбинациите и интеракциите во ваква ситуација можат навистина да предизвикаат сериозни ризици, поговото пад на крвниот притисок , срцеви тегоби и можат да бидат доста опасни по нивното здравјевели фармацевтот Филип Ачоски

Граѓаните треба да имаат во предвид дека се што се декларира како природно не значи дека е и безбедно. Фармацевтите додаваат дека суплементите и лековите треба да се купуваат исклучиво од легални и проверени канали. Пред се тоа се аптеките и секој лек да се зема ислучиво во консултација со лекар или фармацевт.

Реклама

–Доколку ние купуваме производи од непознати страни, онлајн или локации на прекупци на луѓе ние едноставно ја губиме заштитата. Апелот кој што сакам да го дадам дека овие производи често пати не се безазлени носат ризик. Не случајно се поставени толку контроли. Здравствената фела е една од најконтролираните воопшто меѓу другото за да не дојде до нарушување на здравјето на луѓетовели фармацевтот Филип Ачоски

Апелираат граѓаните да бидат многу  внимателни и никогаш да не купуват лекови, суплементи или други медицински производи доколку не се регистрирани од Министерството за здравство,  МАЛМЕД и Агенцијата за храна и ветеринарство. Инаку во вчерашната акција на МВР И ОЈО ГОКК  беа запленети поголемо количество на препарати за потенција, лекови,  медикаменти и суплементи. Акцијата беше спроведена во Скопје, Тетово и Гевгелија.   Претходно во друг случај Царинската управа откри 199 вијали ботокс, вредни 615 илјади денари а Обвнинителството годинав соопшти и за случај во кој според истрагата фалсификуани медицински лекови и помагала како ии ботокс биле нелегално внесувани, складирани, продавани и аплицирани.