Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Времето си игра со здравјето на граѓаните, зголемен број повици во Брзата Помош поради наглите температурни шокови

Граѓаните се борат со променливото време. Од 80 до 100 повици  дневно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните се борат со променливото време. Од 80 до 100 повици  дневно регистрира Брзата помош. Мозочни и срцеви удари, вртоглавици, главоболки, ревматски и проблеми со дишните патишта.  Итната медицинска помош  е со зголемени обем на работа во текот на целиот ден но  особено во ноќните часови. Наглите темпертаурни разлики и променливото време претставуваат дополнително оптоварување за организмот особено за  повозрасните, хронично болните, децата и лицата со кардиоваскуларни и респираторни заболувања како и ревматските проблеми.

Во минатото деноноќие имавме 80 интервенции од кои 4 сообрајќајни незгоди, три колапси на јавни места и три пијани пациенти. Остатокот се работи за хронични пациентивели др. Ана Џарева од Брза помош

На некои од пацинетите им е даден само совет но на дел од повиците е интервенирано од страна на Брзата помош. Има и пациенти кои добиле препораки за дополнителни медицински проценки и третмани. Наглите температурни промени  велат не треба да се потценуваат бидејќи тоа е стрес за самиот  организам и  потребно му е време да се прилагоди.

Реклама

Најчесто пациентите се жалат на вртоглавици варијации на крвниот притисок, слабост, респираторни проблеми и болки во екстремитетите и мускули. 4 Има зголемен број и на мозочни  удари. Самите вртоглавици како што спомнав и се јавуваат и други невролошки симптоми каде е потребна понатамошна евалуација да се видат од каде доаѓаатвели др. Ана Џарева од Брза помош

Од Брзата помош апелираат граѓаните да ги следат временските промени и да ги почитуваат здравствените препораки, да го мерат почесто крвниот притисок и шеќерот, да имаат правилна хидратација. Доколку имаат појава на сериозни симптоми како губење свест, вртоглавица, болка во градите, силна главоболка, отежнато дишење,висока телесна температура веднаш да се побара медицинска помош.  Временските прилики не одат во полза на подобрување на проблемите со здравјето. Од УХМР  највуваат   повремени локални врнежи од дожд во вечерните часови. Утре се очекува задржување на променливо, облачно и топло време со повремени послаби локални врнежи. Од вторник следува промена на времето со сончеви периоди, но и значително посвежо, при што утринската температурата  ќе опадне за 7 до 10 степени.

  •