Прво поздрав во судница со Артан Груби, па Пeрпарим Бајрами пред судот кажа дека не се чувствува виновен за проневерата од близу десет милиони евра. По речиси две години во бегство екс-директорот на државна лотарија со лисици на рацете влезе и замина од судницата во Шутка.
Бајрами тврди дека ВЛТ апаритите кои ги набавил, иако за тоа немал надлежност како што вели обвинителот, се уште се во сопственост на Државната лотарија и нивната вредност е многу повисока од времето кога тие биле набавени.
Завршната пресметка на „Државна лотарија“ за 2024 година, а и спорниот договор што го склучиле за набавката за спроведување електронски игри на среќа ќе бидат дел од документите кои ги побарале од државните институции за да го оспоруваат обвинението.
Засега, сигурно сведок ќе биде актуелниот директор на Лотарија, Александар Климовски,на покана на Обвинителство, а адвокатите не открива кои други функионери ќе бидат повикани за да ги одбранат Груби и Бајрами.
- „Не можам да го предложам како сопствен сведок затоа што веќе е сведок на Обвинителството. Одбраната побара само право дополнително да го испрашува, односно право на директно испрашување“рече Еленко Миланов – Адвокат на Бајрами.
Одбраната ќе бара помош од судот доколку не успеат да ги обезбедат доказите од институциите или пак сведоците кои ги предложиле.
Груби, пак на судот му кажа дека како одбрана ќе презентираат како се разгледувале и носеле одлуките на владините седици.
Инаку, вина не призна ниту обвинетиот Башким Авди – кој што на минатото рочиште бараше предвод на обвинието на албански јазик бидејќи не говорел македонски јазик добро.
Обвинителството не започна со изведување на доказите затоа што одбраната бараше да не се читаат само доказите, туку обвинителот да даде објаснување во кој контекст се изведуваат.
Судскиот случај за проневерата во Лотарија се води по брза постапка, затоа што куќниот притвор на Груби завршува следниот месец.
На сите обвинети на товар им се става злоупотреба на службената положба, за што им се заканува казна затвор до максимални пет години.

