Американски претставници се сретнале со претставници на Хутите во Оман, во обид да се спречат нови напади во Црвеното Море, објави ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори.
Хутите наводно ветиле дека нема да напаѓаат американски и израелски бродови во областа на теснецот Баб ел-Мандеб. Во меѓувреме, продолжуваат нападите врз Саудиска Арабија. Во напад со дрон во Таиф е убиено едно лице, а две се повредени. Борбите продолжуваат и во повеќе делови на Јемен.

