Реклама

„Цврстата“ Јотова ја омекнаа во Стразбур: Парче хартија била причината за непочитување на правата на Македонците во Бугарија

Распишан е првиот дел од „БРТ“ во Скопје: 12,8 километри од Ѓорче Петров до Ново Лисиче

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Македонија ги надмина плановите за енергетска транзиција кон обновливи извори, констатација на меѓународната заедница

Крај за „замижувањето“ на граници – телесни камери ги следат цариниците, патниците и превозниците

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Прилози

Санација на свлечиштата кај Ботун – Николоски и Трајановски во увид

Со примена на нови инженерски решенија се решава реализацијата на најтешкиот дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со примена на нови инженерски решенија се решава реализацијата на најтешкиот дел од изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Косините кај Ботун кои претставуваат најголем проблем долж 57 километарската делница се зајакнуваат со бетонски столбови длабоки до 28 метри. Конструкцијата се гради под земја, за да се обезбеди стабилна основа за  автопатот. Стабилизацијата се изведува со специјална технологија, со машини тешки по 130 тони. Во земјата се поставуваат арматурни кафези, кои потоа се полнат со бетон. Цевки и челични јажиња ги поврзуваат конструкциите, создавајќи потпорна структура под трасата. Министерот за транспорт појаснува дека се планирани вкупно околу 250 вакви решенија, од кои 160 кај Ботун. Ова е убедливо најтешкиот автопат, не само во Македонија, туку во целиот регион, истакна Николоски.

Околу вас можете да видите дека се работи за црна графитна земја, која што е најнестабилна земја која што воопшто може да се најде. Таква е планината. Тука дополнително има многу вода, што може да се види по вегетацијата околу нас. И кога водата ќе се спои со графит, тогаш станува една каша и нема никаква стабилизација. Тоа е причината зошто овој дел околу селото Ботун до сега беше невозможно да се стави како дел од автопатот Охрид-Кичево и ова е последната делница која што ќе биде изградена.”-рече министерот за транспорт и врски Николоски  

Уште кога бевме избрани во 2024-та година, вели Николоски, почнавме да бараме решенија. Ги собравме најголемите умови кои што ги има Македонија и најискусните луѓе, во соработка со светски научници. Инаку предвидени се два типа стабилизација – со галерии и со длабоки бетонски столбови.

Реклама

”Стабилизацијата на косините е еден од главните проблеми на овој проект од Кичево до Охрид. Значи, овде има два видови. Поради тоа се направени геоистраги дополнителни, откако дојде новата власт, со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски дополнително се направени геоистраги во должина од 7 километри, 7.000 метри, на околу 400 до 500 локации со различна длабнина, за да се види составот на земјиштето, каков е долу во долниот дел, за да може да се види на кој начин, со која технологија ќе биде стабилизирано”-рече Коце Трајаноски

Паралелно со стабилизацијата на Ботун, се работи и на останатите делници од автопатот. Вицепремиерот најави дека во следните два месеца ќе биде пуштен во функција делот кај Пресека, со најдолгите тунели во земјава. Четири од петте галерии на оваа делница се веќе готови. Тоа значи дека во предвидениот рок, тоа е првата половина на следната година, ќе имаме функционален автопат,со употребна дозвола  за разлика од минатото кога патиштата се пуштале без употреба дозвола.