Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Прилози

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Квалитетот на воздухот во Македонија и натаму е еден од најсериозните еколошки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Квалитетот на воздухот во Македонија и натаму е еден од најсериозните еколошки проблеми во државата. Иако последните години има одредени подобрувања, сепак, мерните податоци на лабораторијата „Амбикон“, при Штипскиот универзитет, покажуваат дека во повеќето урбани средини штетните честички и натаму ги надминуваат дозволените вредности.

„Но сметам дека доколку продолжиме да ги наоѓаме проблемите, да ги детектираме, сигурен сум дека ќе најдеме и решение. Генерално, за среќа, имаме благо подобрување последните неколку години, иако сè уште, од аспект на суспендирани честички, во повеќето урбани средини имаме значително надминување“, изјави ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски.

Токму мониторингот на водата, воздухот и почвата е во фокусот на Летната школа, која за првпат се одржува во Македонија, во која учествуваат студенти и млади истражувачи од Западен Балкан. Од МОН велат дека лани за научни истражувања биле издвоени 6 милиони евра, а УГД добил два проекти од по 125.000 евра. Целта е со европско знаење да се зајакнат домашните кадри и капацитети кои работат на оваа проблематика.

Реклама

„Ние имаме подобрувања. Ова се процеси кои не зависат од нас, туку од повеќе фактори, значи не само од знаењето и истражувањето, потребни се вложувања. Но, тргнати сме во тој правец и сметам дека краткорочно постепено ќе се подобруваме, но на долгорочен план треба да имаме сериозни ефекти кои ќе користат за подобар живот на населението“, изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Стекнатите знаења треба да им помогнат на младите истражувачи да ја следат состојбата во своите земји, но и да придонесат во креирање на мерки и политики за зачувување на животната средина.

„Учесниците ќе се запознаат со напредните технологии за анализа за загадувањето и неговото влијание, со цел стекнатото знаење да го применат во своите земји“, изјави Клаудио Белис, од Заедничкиот истражувачки центар на ЕК.

На летната школа, која треба да придонесе за создавање регионална мрежа на млади истражувачи и експерти, учествуваат студенти од седумнаесет универзитети од Западен Балкан и 14 тренери и експерти од Европа.