Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

До 15 септември македонските компании можат да аплицираат на двата јавни повици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 15 септември македонските компании можат да аплицираат на двата јавни повици од Министерството за економија и труд за осовременување на нивните производствени капацитети и зголемување на вработливоста. Вкупната вредност која државата ја издвојува за оваа цел е 7 милиони денари, односно 5 милиони за првиот и 2 милиони денари за вториот оглас. Според ресорниот министер, интересот на компаниите е на очекуваното ниво.

„Едниот јавен повик се однесува на продлабочување на односот помеѓу производствените капацитети во Македонија и универзитетите… Преку овој јавен повик се овозможува подобрување на технологијата и технолошките процеси во фирмите, одредени иновативни методи, воведување на циркуларна економија, дигитализација, паметна специјализација… Можат да учествуваат сите преработувачки капацитети заедно со универзитетите и вредноста која би ја добиле е до 500.000 денари, 70% од трошоците ги покрива Министерството за економија и труд, а вкупниот проект изнесува 5 милиони денари“, вели Марјан Ристески, зам. министер за економија и труд.

Вториот повик, пак, исто така се однесува на домашните компании со цел имплементирање и стандардизирање по вертикала и хоризонтала во работењето на самите компании во однос на општествените процеси и подобрувањето на нивната конкурентност. Предвидените државни средства за овој јавен повик се двојно помали од првиот, но правилата за учество остануваат исти, односно и овде државата покрива 70% од трошоците, а компаниите можат да добијат најмногу до 200.000 денари.

Реклама

„Преку овие јавни повици се овозможува внесување на многу иновативни методи во компаниите. Како што кажавме, подобрување на нивната конкурентност на домашниот и странскиот пазар, поврзување со странски компании, а сето тоа резултира со подобрување не само на перформансите на самите компании, туку и подобрување на економијата и целокупната економска состојба во Македонија“, појаснува Ристески.

Според Ристески, интересот е доста голем и кај компаниите и кај универзитетите. Сите чинители се свесни дека без унапредување на производството, образованието и вработливоста, и без фаќање чекор со современите европски и светски економски трендови, македонската економија би тапкала во место. А додека со овие нови мерки, ѝ се дава шанса за успешен развој со што ќе има постојан раст и на странските инвестирања, но и на БДП, односно на стандардот на граѓаните, што е и главен фокус на оваа Влада, потенцира Ристески.