Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

По осум денари дополнителна поддршка по килограм и нова производна цена –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По осум денари дополнителна поддршка по килограм и нова производна цена – ова се двете барања кои оризопроизводителите му ги доставија на ресорниот министер на последната средба. Пред стартот на новата жетва, бараат по 48.000 денари по хектар за новата реколта, а најдоцна наредната недела да биде утврдена и нова производна цена, која, според нив, не смее да биде под 35 денари. Велат дека сегашните трошоци за репроматеријали и механизација не им овозможуваат ниту да ги покријат основните вложувања.

„И да се направи нова производна цена, затоа што нафта, препарати, ѓубрива се покачени, така што ние бараме новата производна цена да не е испод 35 денари и врз база на тоа, откупната цена да биде 50% над производната. Така што не само да преживуваме, туку и ние малку да живееме. Министерот вети дека целото тоа ќе биде прифатено“, изјави оризопроизводителот Здравко Арсов.

По средбата со ресорниот министер, оризопроизводителите очекуваат нивните барања да бидат прифатени и да се започне со реализација. Арсов посочува дека поради временските услови им претстои неизвесна жетва, што ќе се одрази и врз приносите. Според проценките, од еден декар би требало да добијат меѓу 300 и 350 килограми оризова арпа.

Реклама

Во Кочанско годинава се засеани околу 4.000 хектари. Доволните количества вода во браната „Калиманци“ овозможија навремено наводнување на земјоделските површини од Виничко до Овче Поле.