Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата којашто тажи и жали зашто Македонија оди напред. ​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Велес одговарајќи на новинарски прашања.

-​Така што имам лоша вест за опозицијата, а добра за граѓаните дека како Влада остануваме максимално посветени на подобрување на стандардот на граѓаните. ​Тоа е наша цел и тоа ќе го правиме преку сериозно засилена економска активност. Тоа што го прави опозицијата јас го анализирам и го ставам во делот на политички ПР. Немаат но немаат кредибилитет бидејќи седум години го крадеа народот, ја распродаваа Македонија, ја понижуваа, ја омаловажуваа Македонија и они мислат дека тоа сега преку ноќ некој ќе им го заборави. ​Мислам дека повторно го потценуваат сопствениот народ и играат на картата на кратка меморија. Тоа нема да се случи – рече Мицкоски.

Според него, не е се совршено и оти има работи што треба да се корегираат, да се поправат.

Реклама

-Но сите ќе се сложите дека денеска е многу подобро од пред три години. ​Нема банди, нема фудбалчиња, нема рекетирање, нема криминалци коишто царуваат по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на националните интереси. Сѐ тоа е многу поразлично од тоа коешто се случуваше кога беше претходната Влада на СДСМ. ​Имавме 35-годишнина од одбележување на независност коешто, ќе се сложите, беше многу поразлично од она во 2020-тата кога живи луѓе гореа во модуларната болница во Тетово. ​Тоа е разликата. Таа не е идеална, ќе има недостатоци, треба да се работи, да се поправат тие недостатоци, но многу е подобро од пред три-четири години – оцени Мицкоски.

Тој повтори дека ќе биде многу подобро за три до четири години од денес. – Повторно ние ќе бидеме најверојатно посиромашни од Германија, повторно ние најверојатно ќе бидеме посиромашни од Норвешка. Нема да бидеме побогати, но ќе биде подобро од пред шест години. Тоа ви го гарантирам. И сакам тука само да заклучам дека сѐ додека без да излезат во јавноста, да се оградат од политиките на поранешните води како СДСМ, да се оградат од тоа што го правеше СДСМ во минатото во тие седум години кога имаше можност, заедно со Демократска унија за интеграција, тие никогаш нема да имаат кредибилитет кај народот, ќе тонат во своето политичко мочуриште и после следните избори најверојатно ќе станат маргинална политичка партија на македонската политичка сцена – порача Мицкоски.