Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Прилози

Високите температури, застоените води, и хибридните комарци ја зголемуваат опасноста од Западно-нилската треска

Порастот на температурите, застоените води и појавата на гентетски модифицираните или хибридните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Порастот на температурите, застоените води и појавата на гентетски модифицираните или хибридните комарци  се причина за циркулација на вирусот на Западно-нилска треска и големите бројки на заразени како кај нас така и ширум Европа. Овие услови се идеални за размножување на комарците и нивна циркулација преку птиците велат епидемиолозите.  Кај нас покрај топлото време локалните жаришта на застоена вода вкупно 34 се еден од најголемиот фактор на размножување на комарците.

– Температурата ќе ни биде еден дел од  еколошкиот систем, второ водата. Природната средина во која се размножуваат комарците  е водата. Секаде и во Грција и во Македонија па и во Италија има застоени води. Покрај природно застоените води покрај реките водотеците и така натаму. Во сите дворишта, во сите паркови секако се наоѓаат такви места во кои имаме идеални услови за да ни се размножуваат комарците-истакна епидемиологот Сашко Олумчев

Токму овие услови допринеле да се размножат комарците и преку птиците кои се преносители на вирусот да дојде и  кај нас . Затоа посочуваат во иднина треба да се работи на овој фактор. Дополнително како фактор се  и појавата на генетски модофицираните или хибридните комарци кои се создаваат да се намалат опасните  инсекти.

Реклама

-Во тој процес на таа природна селекција се ствараат таканаречени хибридни форми и токму тие хубридни форми од епидемиолошки аспект ни прават тука проблем. Тоа е третиот фактор. Што значи тоа природниот курекс го пренесува вирусот  од птица на комарец и тука циклусот се врти цело време птица –комарец-птица-истакна епидемиологот Сашко Олумчев

Олумчев додава дека токму овие комарци кои се појавиле последниве години а се хранат со  цицање на крв од  човекот го направиле овој проблем.   Тие го префрлаат вирусот од  птиците преку комарците на човекот. Но добро е што многу мал процент на заразените луѓе добиваат тешка форма на болеста и што болеста не се пренесува од човек на човек.

Тие два проценти на заразени кои добиват невроинвазивна форма се оние кои имаат слаб имунитет и други тешки хронични болести.  И Светската здравствена организација предупреди дека токму потоплото време и долгите лета се причина за ширење на вирусот на Западен-нил.  Здравствените власти пак за идна превенција најавија дека тендерот за прскање против комарци ќе се прави не за една туку за три години и поголем фокус ќе се стави и на застоените води за да се спречи епидемија на Западен-нил. Според податоците на Eвропскиот центар за превенција и контрола на болеста, најмногу случаи се регистрирани во Италија и Грција. Вкупно 99 европски региони се погодени, додека вирусот е регистриран за прв пат во 21 регион. Во истиот период минатата година, девет европски земји пријавиле инфекции, во вкупно 67 региони. Кај нас оваа година имаме шест починати од Западен -нил,  додека во изминатите 14 години имало вкупно 5.