Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Азески присуствуваше со дел од дипломатскиот кор во Дебар и на одбележување на Денот на рударите

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, денеска на денот на рударите, 28…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, денеска на денот на рударите, 28 август, упатува искрени честитки до сите вработени во рударскиот сектор, компании, институции, науката и академската заедница. Тој присуствуваше и на одбележувањето на Денот на рударите. 

Како што соопштуваат од Стопанската комора, Комората во својата организациона поставеност ја има Македонската асоцијација за рударство – МАР која ги обединува најголемите и најзначајните компании кои учествуваат во креирање на Бруто домашниот производ и кои иднината на развојот на секторот ја гледаат преку креирање безбедно, модерно, одговорно користење на природните ресурси со конкретни придобивки за локалните заедници и целокупната економија.

„Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата”, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Реклама

Во 2025 година во Македонија се произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат, додека рударството учествуваше со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз.

Македонија има и Стратегијата за минерални суровини, со која по повеќе децении оваа област треба да добие јасна и долгорочна развојна насока.

Во име на Стопанска комора, а и во свое лично име, претседателот Бранко Азески, на верниците од православната вероисповед го честита празникот 28 август Успение на Пресвета Богородица, стои во соопштението

Азески имал и активности со дел од дипломатскиот кор, на покана на акредитирани дипломати во Македонија, во присуство на бизнисмени од регионот, кои се реализираа во Дебар.

Како што соопштија од Стопанската комора, прво во манастирот Св. Јован Бигорски била реализирана посета и обиколка на црквата и манастирските одаи. По повод посетата а во пресрет на големиот христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот Азески, подари уметничка слика на манастирот.

-Неформалното дружење продолжи во релаксиран амбиент на Дебарското Езеро во хотелот Цами каде со дипломатскиот кор и бизнисмените и истакнати личности од регионот, се разменија меѓусебни мислења за теми од интерес на бизнисот и економскиот амбиент, имајќи го предвид фактот дека дел од актуелните амбасадори се враќаат во своите земји на други владини позиции што остава простор за натамошно продлабочување на соработката со Македонија и со земјите од Западен Балкан, стои во соопштението.