Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Прилози

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Се гради пристапниот пат до тврдината Исар, кој ќе се користи за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се гради пристапниот пат до тврдината Исар, кој ќе се користи за транспорт на градежните матрејали и механизацијата потребни за  нејзината обнова. Со изградбата на патот се создаваат услови за почеток на градежните и конзерваторски активности на еден од најзначајните културно-историски локалитети во Штип, чија обнова ќе придонесе за поголема афирмација на градот.  

„Ќе ја доловиме автентичноста и преку сето она кое го предвидува проектот, трите видиковци, акрополот, тврдината која треба целосно да биде осветлена ќе го презентира минатото и историјата на градот„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Тврдината ќе се реставрира по примерот на скопското Кале и Самоуловата тврдина во Охрид.  Ќе бидат обновени трите кули, меѓусебно  поврзани со бедем висок 4метри. Просторот ќе биде осветлен, ќе се изгради паркинг  и патека до врвот, од каде се протега панорамски поглед кон целиот град.  Сегашниот изглед на тврдината датира од 14 век, но на локалитетот се зачувани остатоци од вториот век, со надградба од шестиот век. За обновата, ќе бидат вградени повеќе од 3.500 кубни метри камен.

Реклама

   „Не само овој дел од градот туку и други локации кои се препознстливи за нашиот град размислуваме да ги конзервираме, реставрираме и обновиме и да ги доближиме до сите посетители да се осознаат со историското наследство на нашиот град„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Проектот е на штипскиот Музеј, а Општина Штип, обезбеди околу 1,4 милиони евра преку вториот владин повик за искористување на средства од унгарскиот кредит. Предвидено е работите да завршат  во рок од 18месеци.