Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Прилози

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Сирење, јајца, мелено месо, сладолед: на овие температури потребен е помалку од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сирење, јајца, мелено месо, сладолед: на овие температури потребен е помалку од еден час да се расипат ако не се чуваат правилно. За да се избегнат труења со храна, надлежните апелираат до граѓаните да купуваат храна од проверени места, да го земат предвид нејзиниот изглед и по пазарењето да не се задржуваат на пат кон дома.

Производите, особено лесно расипливите од животинско потекло, да се чуваат во разладни уреди. Да се избегнува купување на храна која што е со оштетена амбалажа, нагмечена, надуена или напукната. При купувањето да не ја задржуваат, да не ја чуваат храната во загреани автомобили. Да се врши набавка на самата храна во утринските или во доцните вечерни часови“, вели Ѓоко Ѓорчески, раководител на државна инспекција за ветеринарно јавно здравство: 

Внимателноста треба да се задржи и по пристигнувањето дома- храната која бара разладување треба што побрзо да се смести во фрижидер, а одредени видови продукти е препорачливо и да се избегнуваат во време на екстремни жештини, сметаат надлежните.

Реклама

„Потребно е разладената храна да се чува од нула до пет степени. При набавка на овошје и зеленчук, потребно е темелно да се измијат со вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. Да се внимава во овој период на консумација на лесно расипливи сосови, кечапи, мајонези и од сопствено производство, преливи и крем салати“, вели Ѓоко Ѓорчески, раководител на државна инспекција за ветеринарно јавно здравство 

Од АХВ велат дека нивните инспектори летово спроведуваат засилени контроли на терен кои опфаќаат ресторани, маркети, продавници, а се води сметка и за условите во кои се чува и подготвува храната во туристичките места, се со цел таа да биде безбедна кога ќе стигне во рацете на потрошувачите.