Реклама

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Прилози

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Македонскиот работник за една година е побогат за скоро 3 проценти. Просечната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот работник за една година е побогат за скоро 3 проценти. Просечната плата во месец јуни изнесувала  48.831 денар и пораснала за 2,9%, кога од номиналниот раст ќе се одземе инфлацијата. Номиналмо просечната плата пораснала 6,2 проценти на годишно ниво. Според државниот завод за статистика најголемо зголемување на платата има кај администрацијата и услужните дејности за над 10 проценти. Во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство месечната плата пораснала за 8.1 %, а во секторот Транспорт и складирање за 8.0 %.

Бизнис секторот вели дека зголемувањето на платите е реално, но како причина ја наведува немањето на доволно квалитетна работната сила.

Платата го прати растот на БДП и секо зголемување на платите врз продуктивноста да врши врз инфлацијата. Растот на платите е повисок од инфлацијата, што според мене е резултат на недостиг на кадар, изјави Ангел Димитров, Претседател на ОРМ.

Реклама

Но, повисоките плати не значат и повисока продуктивност. За бизнис секторот, продуктивноста на македонскиот работник на државно ниво сè уште е ниска. За нејзино зголемување, велат, потребни се подобри услови за работа, но и поголема правна сигурност.

„На ниво на една компанија тогаш влијанието на мотивираност на работникот е значајно. Но на државно ниво влијае инфраструктура, институции, правен систем корупција сива економија“, додаде Димитров.

Според официјалните податоци, највисока просечна плата земале вработените во секторот информации и комуникации. Просечно исплатената плата изнесувала 88,262 денари, додека по нив следуваат вработените во Финансиски и осигурување со плата од 68.223 денари. Според исплатена просечна нето плата по вработен веднаш зад овие две грански се наоѓаат транспорт и складирање, кои во јуни земале просечно нешто над 60.000 денари.

Раст има и кај исплатената БРУТО плата, во која спаѓаат и придонесите, патните трошоци, хранарината и НЕТО платата. Таа во месец јуни изнесувала 72.785 денари, или 6,5 насто споредено со лани.