Гори и Грција. Минавме тешки десет дена, во кои преовладуваа силни ветрови и многу тешки и неповолни услови и се соочивме со над 400 пожари, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција, Евангелос Турнас, во интервју за грчката телевизија „Скај“. Како што пренесува дописничката на МИА од Атина, Турнас се осврнал на големите пожари на островот Парос, во јужниот дел на островот Крит и во областа Виотија во централна Грција, што последователно избувнаа од 28 јули и посочил дека новите неповолни временски услови дополнително ја отежнале оперативната состојба, особено истакнувајќи ги силниот ветер и турбуленциите кои спречија оперативно користење на воздушните средства за справување со огнената стихија.
За пожарите на Крит, јужно од градот Ретимно, објасни дека воздушните средства повеќепати полетувале, но безуспешно, бидејќи не успеале да извршат ниту едно исфрлање вода, а слични, како што рече, биле условите и при големиот пожар во областите Атика и Виотија.
Посочи дека годинава е регистриран поинаков вид закана, со исклучително силни североисточни ветрови кои на планинските масиви се претвораа во

