Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Марковски: Ако ни се појават нови случаи на заразени од Западен-нил, ќе треба помасовна акција за уништување на комарците

Вкупно 20 случаи на вирусот Западен-нил  се регистрирани до сега во земјава.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 20 случаи на вирусот Западен-нил  се регистрирани до сега во земјава. Во моментов на Инфективната Клиника се лекуваат 16 пациенти. Кај 15 од нив е потврден вирусот а за еден пациент се чекаат резултати. Тројцата пациенти се уште се во критична состојба и се интубирани.  Сите 7 потврдени новозаразени изминатава недела се од Скопје и тоа по два случаи се од Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Сите 20 пациенти се на возраст од 60 до 84 години со коморбидитети и сите се хоспитализирани. Вирусот на Западен-нил е сериозно вирусно заболување и состојбата кај нас треба внимателно да се следи бидејќи ако само еден посто се со тешки симптоми тогаш бројката на заразени е околу 2000 лица, велат инфектолозите. Додаваат дека  сите таканаречени . вектор преносливи болести се добиваат од заразен комарец, а преносители освен тигрестиот ги има повеќе од шеесет видови.

-Го знаеме причинителот, го знаеме векторот и го знаеме домаќинот. Можеме да делуваме само на векторот. Повеќе од шеесет видови не е само тигрестиот комарец, повеќе од 60 видови го пренесуваат вирусот. Скоро сите птици повеќе од триста видови на птици можат да бидат домаќин а околу триесетина вклучувајќи го и човекот, цицачи можат да се разболат. Доколку ни се јават нови слуачаи ќе мораме поопсежна акција да направиме за уништување на овие комарци–истакна инфектологот проф.др. Вело Марковски

Во однос на болеста др. Марковски вели дека инкубацијата таре од  шест до 14 дена. Поголемиот број од заразените се асимптоматски,   кај мал број завршува со симптоми на грип, а кај еден процент  може да се развие тешка клиничка слика со воспаление на мозочната обвивка.

Реклама

– Кај Западно-нилската треска од досегашните искуства некаде смртноста е кај овие потешките до 20-тина  посто. Значи можно е и смртен исход. Колку ќе трае лекувањето е индивидуално. Значи ние немаме специфично средство антивирусно туку ќе мора да ги лекуваме последиците  кои настанале во овој случај енцефалопатии. Сами по себе тие се многу тешки за лекување.  Кај нас мислам дека се уште нема починато, што значи дека добро се носат колегите на инфективната клиника–истакна инфектологот проф.др. Вело Марковски

Инфектолозите апелираат повеќе да се обрне внимание на уништување на комарците и да се воведат повеќе прскања против комарци бидејќи тие се главниот причинител на болеста. Надлежните апелираат ако граѓаните почувствуваат висока температура, главоболка, треска, дезоринетираност веднаш да се јават на Инфективната клиника. Остануваат и понатаму препораките до граѓаните  да се користат средства против комарци, да се носи облека со долги ракави и ногавици особено во вечерните часови , да се постават заштитни мрежи на прозорците и да се отстранува застоената вода во дворовите каде комарците се размножуваат. Првиот случај оваа година на Западно-нилска треска беше регистриран во Македонија на 15 мај а  заразениот пациент беше од Велес. Скоро сите  20 заразени пациенти  вирусот го добиле од домашен комарец.