Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Онколошките пациенти добија терапија, надлежните бараат решение да нема нови доцнења

Надминат е проблемот  со терапијата за онколошките пациенти. Таа  е веќе доставена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надминат е проблемот  со терапијата за онколошките пациенти. Таа  е веќе доставена а останатиот дел ќе стигне во наредните два дена истакнаа од здружението Хема Онко. Задоволни се што лековите се обезбедени, но апелираат во иднина да има континуитет и да не се случуваат застои во набавките што создава неизвесност и дополнителен стрес кај луѓето кои се борат со тешката болест.

-Овој пат има недостаток на терапија која ја што ја имаше и на позитивната листа односно дел од цитостатиците што до сега се немаше случено во ваков обем. Сето тоа е надминато, тоа е терапијата која е пристигната и пацинетите ќе ја примат-вели Ана Марјановиќ од Хема Онко.

Упатија апел до одговорните институции да ги лоцираат проблемите навреме за да нема нов застој. Во спротивно најавуваат радијкализација.

Реклама

-Доколку не се каже точно кој добавувач е проблемот, бидејќи во последно време слушаме дека се добавувачите проблем, ќе се распоредиме пред сите институции, што значи ќе не има пред Влада, пред Министерство, пред Онкологија, ќе не има секаде– вели Ана Марјановиќ од Хема Онко.

Од Министерство за здравство велат дека се отворени за секаква соработка за решавање на сите проблеми со кои се соочуваат  онколошките пациенти.

-За лековите кај кои беа регистрирани доцнења веќе се преземни конкретни мерки. Дел од испораките се реализирани, за дел се склучени нови договори, а за останатите се обезбедуваат привремени решенија до целосно нормализирање на состојбата–информираат од Министертвото за здравство.

Од таму додаваат дека преку дијалог и заедничка работа ќе бараат системски решенија во кои секој онколошки пациент ќе биде во центарот на секоја  одлука.