Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Нема нови случаи на Западно-нилска треска

Нема нови случаи на Западно-нилска треска во изминатото деноноќие. На инфективната клиника…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема нови случаи на Западно-нилска треска во изминатото деноноќие. На инфективната клиника се лекуваат вупно 17 пациенти. Од нив 10 се потврдени позитивни на вирусот, а за останатите се чекаат резултати од дополнителните испитувања. Тројцата пациенти се се уште во критична состојба и се на механичка вентилација, а сите останати се со воспаление на мозочната обвивка и се лекуваат на одделот за невроинфекции. Др Цана вели дека многу е важно да се напомене дека тешките симптоми се јавуваат токму кај постарите пациенти кои се најранлива група на граѓани.

-Сите пациенти што се хоспитализирани кај нас се над 60 години возраст и сите се со придружни заболувања. И тоа треба да се напомене. Постарите лица, лицата со придружни заболувања, имунокомпромитирани лица со ослабен имунитет се подложни на овој вид на заболувања то ест на потешката форма. 80 посто од случаите поминуваат лесно или асимптоматски-истакна директорот на Клиниката за инфективни болести др. Фадил Цана.

Западно-нилската треска се пренесува само ако ве касне заразен комарец и не се пренесува од човек на човек. Лекарите алепираат  до  граѓаните ако почувствуваат висока температура, главоболка, треска, дезоринетираност веднаш да се јават на Инфективната клиника. Периодот на инкубација е од 3 до 14 дена. Надлежните посочуваат превентивно да се користат средства против комарци, да се носи облека со долги ракави и ногавици особено во вечерните часови , да се постават заштитни мрежи на прозорците и да се отстранува застоената вода во дворовите каде комарците се размножуваат.