Реклама

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Скопјани летово ќе мора да „пливаат на суво“: базенот СЦ „Борис Трајковски“ е затворен по штетите од невремето

Алфа репортажа: Како изгледа топлотниот бран на скопските улици?

Го креираа францускиот предлог, ама сега од СДСМ обвинуваат дека Владата тајно преговарала

Енергетската состојба во Македонија е стабилна

Дволичен Еди Рама: За Тиранска платформа му одговараа Албанците од Македонија, сега кога му гори под нозе стануваат „персона нон грата“

Пет пожари го кренаа Кавадаречко на нозе – огнот под контрола, се очекува целосно гаснење

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

ВРЕДИ: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ, а уште помалку има право да го урива

– ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– ДУИ повторно се нафрли врз Охридскиот договор, како да е нивна лична тапија. Наводно го брани, а всушност го држи како заложник за своите партиски интереси. Партијата што некогаш се прогласи и за „зелена“, денес го попречува унапредувањето на едно од најважните начела на Охридскиот договор – правичната и соодветната застапеност, стои во соопштението на ВРЕДИ.

Цели 22 години ДУИ ги имаше и ножот и погачата. Имаше министри, пратеници и власт до гуша. Можеше да го донесе законот кога сакаше, но не го направи тоа. Не затоа што не знаеше, туку затоа што не сакаше.

Без закон, работните места ги делеа како да се личен подарок од Али Ахмети. Едно работно место – едно семејство како заложник. Ако беше со нив, вратата се отвораше. Ако не беше, остануваше надвор. Токму затоа не им одговараше правичната застапеност да биде право загарантирано со закон.

Реклама

Сега, кога Законот за правична и соодветна застапеност е на маса, истата таа ДУИ го блокира. Бадентеровиот механизам, кој треба да ги штити интересите на заедниците, ДУИ го претвори во партиски камшик, со кој удира по секое решение што не го носи нивниот печат. Нив не ги интересира што добиваат Албанците. За нив е важно само ВЛЕН да не постигне успех.

Кога се на власт, сè им е добро. Кога ќе останат без фотелји, тогаш треба да запре и државата. Но, тој филм повеќе не поминува.

Охридскиот договор не е тапија на Али Ахмети, ниту сопственост на ДУИ, ниту наследство на луѓето што се држат за фотелјите во Мала Речица. Тој е резултат на жртвата на еден цел народ. Правичната застапеност не е партиска милостина, туку право на граѓаните и обврска на државата.

22 години не го донесоа законот. Сега се обидуваат да го блокираат. Законот мора да продолжи напред, без уцени и без блокади.