Расте бројот на онколошки опациенти, но во исто време се зголемува и поддршката за нивен третман. По зголемениот број на лекови, веќе е започнат и консултативен оддел во ГОБ 8 септември, а наредната година ќе почне да функционира и дневна болница. Финансиите за онколошките пациенти растат од година во година како расте и бројот на новодијагностицирани. Последните податоци покажуваат дека бројката на пациенти годишно се зголемува за 200 до 300. Но добро е што имаме и голема бројка на излекувани од болеста. Најголем товар е на Клиниката за онкологија каде само лани имало 5300 пациенти. Од нив 1000 се со рак на дојка:
–Две причини се главно поради тоа што има зголемување на пациенти и зголемување на преваленцата. Значи пациенти подолго примаат терапија подолго имаме успеси во лекувањето значи подолго преживување така да секогаш постои потреба од зголемување на финансиските средства во наредната година– вели доректорот на Онкологија Игор Ристовски
За поголема ефикасност при лекувањето, од наредната година терапијата ќе се набавува за три години за да се може сите пациенти навремено да ја примат. Од Хема Онко велат најважно е за онколошките пациените да имаат добри услови за третман и терапија и да бидат безбедни при нејзиното примање.
-Гаповите односно проблемите во онкологијата сите знаеме дека се многу големи. Тоа доаѓа пред се и од комплексноста на проблемот и од она што го кажа директорот бројките годишно се зголемуваат межутоа во исто време фала му на бога се згоемуваат и оние луѓе кои што преживуваат– вели Ана Марјановиќ од ХЕМА ОНКО.
Годинава има и мултидисциплинарен тим кој за секој пациент со рак на дојка носи поединечно решение за третманот. Од ХЕМА-ОНКО бараат ваков тим да има и во останатите центри.. Во знак на поддршка од Здружението им поделија симболичен појадок на пациентите кои што се наоѓаат на Клиниката за онкологија. Целта е да разговараат со пацинетите да ги дознаат проблемите со кои се соочуваат во текот на лекувањето и зеднички да создадат подорба и посеопфатна онколошка грижа

