Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Расте бројот на пациенти кои се јавуваат на Инфективна со воспаление на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на пациенти кои се јавуваат на Инфективна со воспаление на мозокот. Во изминатото деноноќие уште  еден сомнителен случај на Западно- нилска треска е примен на Инфективната клинка. Тројцата пациенти сеуште се критични и  се на механичка вентилација и нивната состојба постојано се следи. Вкупно до сега има 17 заболени од вирусот. За сите нови случаи се прават дополнителни испитувања, но според клиничката слика и симптомите со кои се примени во болница укажуваат на Западно- нилска треска.

-Имаме шест пациенти кои се водат како клинички  суспектни иакокај нив со ПСР технологија резултатите се негативни, но ПСР технологијата не е златен стандард  кај невроинвазивната форма на Вестнајлот. Така што ние уште тие пациенти се подложни на дополнителни лабараториски иследувања и се лекуваат и се третираат како пациенти со Западно-нилска треска– истакна директорот на Клиниката за инфективни болести др. Фадил Цана.

Др. Цана додава дека овој тест не може да биде позитивен кога веќе болеста е во поодмината фаза и затоа се прават дополнителни испитувања. Клинички ги сметаат како позитивни затоа што се тестирани кога веќе имале компликации. Инаку сите нови 7 пациенти се во стабилна состојба и се лекуваат во одделот за невроинфекции. Сите се на возраст над 60 години и се од Скопје. Граѓаните велат дека знаат за вирусот и дека ги следат препораките на надлежните за нивна заштита.

Реклама

-Следиме што може да следиме, се заштитуваме со некои спрејови, но дај боже да не закачиме. Знам луѓево лежат таму горе. Да и лежат горе во Инфективна.

-Многу не се движам, повлечена сум дома. Препораките само слушам дека се зголемува бројот, инаку не ги почитувам, не можам да ги избегнам комарците, живеам во куќа со двор со зеленило и секој ден поливам. Начинот на кој се штити слушам со долги ракави да не се иде во топло во зеленило али не знам тоа дали е заштита.

-Ги почитувам да, секоја болест треба да се почитува секоја зараза точно. Се заштитувам

Западно-нилската треска се пренесува само од убод од заразен комарец и не се пренесува од човек на човек. Надлежните апелираат ако граѓаните почувствуваат висока температура, главоболка, треска, дезоринетираност веднаш да се јават на Инфективната клиника. Перидот на инкубација е од 3 до 14 дена. Остануваат препораките на надлежните да се користат средства против комарци, да се носи облека со долги ракави и ногавици особено во вечерните часови , да се постават заштитни мрежи на прозорците и да се отстранува застоената вода во дворовите каде комарците се размножуваат.