Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

ЦУК: Заклучно со 13 часот на територијата на државата се регистрирани 13 пожари

Надлежните со полни раце работа и на вториот ден од прогласената кризна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надлежните со полни раце работа и на вториот ден од прогласената кризна состојба поради пожарите. И денеска огнените стихии се активни на повеќе локации низ државата, а противпожарните екипи заедно со останатите служби продолжуваат со интервенции на терен.

Според последните информации на Центарот за управување со кризи, до 13 часот се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор. Гори депонијата на Кванташки Пазар во Општина Гази Баба, а во село Страчинци во истата општина гори и ниска вегетација. Огнот зафати ниска вегетација и во село Маркова Сушица во Општина Студеничани, село Јабланица во Општина Струга и село Уларци во Општина Чешиново Обелешево.

Во меѓувреме, под контрола се ставени пожарите помеѓу селата Слатина и Грешница и село Долно Татеши струшко.

Реклама

Охрабрувачки е што шест пожари во текот на денот се целосно локализирани и изгаснати. Меѓу нив се пожарите кај гробиштата во Драчево, депонијата во Визбегово, како и пожарите во Опила, Брвеница, селото Неготино во Врапчиште и на потегот Бурки- Долно Егри во битолско каде огнот опфати ниска вегетација.

Добра вест е дека сервисот на третиот ,,Ер трактор”, што беше оштетен во невремето во Скопје, успешно е завршен, објави синоќа дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на денот бил извршен и пробен лет, при што било утврдено дека авионот е функционален. Кризната состојба заради пожарите ќе трае до 31 август. Надлежните се целосно мобилизирани и на располагање ги имаат сите капацитети. Апелот до сите е да се внимава и да се однесува одговорно бидејќи високите температури, ветерот и сувата вегетација создаваат услови за полесно избувнуување на пожари.