Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Последното силно невреме остави зад себе и повредени штркови во Чешиново-Облешево. Два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последното силно невреме остави зад себе и повредени штркови во Чешиново-Облешево. Два од нив наскоро повторно ќе полетаат, но на останатите сè уште им е потребна грижа. Во Македонија нема специјализиран центар, па повредените птици најчесто завршуваат кај волонтери. Затоа оваа општина, позната како европско село на штрковите, планира да го формира првиот рехабилитациски центар во земјава, каде повредените птици ќе добиваат соодветна нега пред да бидат вратени во природата. Најчесто страдаат од електрични столбови и земјоделски механизации.

„За дел од популацијата што е на наша територија, а е повредена, да најдеме соодветен згрижувачки центар. Со една личност од Ранковци, која се грижи за нив, имаме одлична комуникација и таа ни е единственото место каде што може да ги оставиме повредените штркови да се рехабилитираат, за подоцна да ги пуштиме во природата“, изјави градоначалникот на Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов.

Поволните услови за исхрана и гнездење во оризовите полиња, но и грижата на локалното население, го прават Чешиново-Облешево препознатлив дом на штрковите. По примерот на Ранковци, општината сака да воспостави мрежа на волонтери кои ќе помагаат во згрижувањето на повредените птици.

Реклама

„Прво мора да најдеме волонтери кои сами ќе се пријават да бидат згрижувачи на штркови. За среќа, веќе има луѓе од нашата општина кои веќе имаат згрижено повредени штркови и ги чуваат сè додека тие самите не се подготвени да се справат со предизвиците на природата“, изјави градоначалникот на Чешиново-Облешево, Јорданчо Костадинов.

Бројот на гнезда на белиот штрк во Чешиново-Облешево во последната деценија е речиси двојно зголемен, а во целото Кочанско Поле денес има над 220 гнезда.