Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на улица „Лисец“ – крак десно во Горно Лисиче, каде што започна поставувањето на новиот асфалтен слој, како дел од целосната реконструкција на оваа сообраќајница, соопштија попладнево од локалната самоуправа.
Во соопштението се нагласува дека со проектот се подобруваат безбедноста и условите за секојдневно движење.
– Покрај новиот асфалт, се градат и нови тротоари, со што улицата добива модерен и функционален изглед. Проектот опфаќа целосна реконструкција на улицата во должина од 520 метри, поставување нов тампонски слој и нов асфалт, над 3.300 квадратни метри нова асфалтна површина, изградба на нови тротоари со површина од 1.400 квадратни метри – појаснија од Општина Аеродром.

Паралелно, согласно со предвидената динамика, како што се истакнува во соопштението, продолжуваат работите и на улица „Лисец“ – крак лево, со што целиот овој дел од Горно Лисиче добива поквалитетна, побезбедна и современа патна инфраструктура.
